fbpx
15.8 C
Skopje

МВР на Бугарија размислува за формирање на туристичка полиција

АКТУЕЛНО

Министерката за туризам на Бугарија Николина Ангелкова денеска соопшти дека нејзиниот ресор во соработка со Министерството за внатрешни работи ја разгледува идејата за формирање на туристичка полиција и инспекторат за туризам, во чија надлежност би биле контролата на работењето на сите дејности од туристичкиот сектор.

Како што јави БТА, Ангелкова најави дека на почетокот оваа туристичка полиција би почнала да функционирала во поголемите одморалишта и туриситчки центри во Бугарија.

Ангелкова истакна дека Министерството ќе ја разгледа и идејата за создавање на Центар за квалификација и преквалификација на кадри од туристичкиот сектор.

Таа најави и преземање мерки против „сивата економија“ во туризмот, со засилени контроли на дивите објекти за издавање на легла на туристи, како и за регулација на работата на угостителско-туристичките капацитети.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -