fbpx
1.8 C
Skopje

СДСМ: Наместо награда на Дурловски, Иванов да врачи мандат, тоа го чекаат и МОБ и граѓаните

АКТУЕЛНО

СДСМ преку писмено соопштение уште еднаш упати порака до Иванов да го додели мандатот за составување на новата влада.

„Врв на хипокризијата во општеството е што на Денот на победата над фашизмот, државната награда за Македонската опера и балет Ѓорѓе Иванов ја врачи на Игор Дурловски, кој поттикнува и промовира фашизам во Македонија.

СДСМ ја честита 70 годишнината на Македонската опера и балет и најавуваме дека никогаш повеќе институциите нема да бидат заложници на партиски интереси, ниту пак ќе бидат раководени од лица кои се инспиратори на убиства на народни избраници, насилства врз новинари, поделби и провокации меѓу граѓаните.

Ова посебно, ако се земе предвид дека станува збор за културна институција којашто треба да биде промотор на заедничките културни и цивилизациски вредности и придобивки.

Оттука, она што Ѓорге Иванов може и мора да го направи за граѓаните во овој момент е да го додели мандатот за да се формира новата реформска Влада, којашто ќе ги врати сигурноста и стабилноста на секојдневното функционирање на граѓаните и етичките и морални вредности во општеството“ се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -