5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Талат Џафери со ново писмо до Иванов

Претседателот на Собранието, Талат Џафери со ново писмо до шефот на државата Ѓорге Иванов, потврдуваат за ТВ 24 собраниски извори.

Во меѓусебна консултација меѓу службите на Собранието и претседателскиот кабинет, според истите извори, биле усогласени правните недоречености околу рокот и објавувањето на одлуката во „Службен весник“  и првиот човек на законодавниот дом. За да не се комплицира состојбата непотребно, собранискиот спикер му пишал денеска ново писмо на Иванов со кое го известува за изборот на нов претседател на Собранието и за новото парламентрано мнозинство, со што и формално почнува да тече рокот во кој Иванов треба да го додели мандатот за состав на новата Влада.

Од новото мнозинство пак според партиски извори, почнале со усогласување на изјавата со која по барање на Иванов, лидерот на СДСМ, Зоран Заев повторно ќе му ја гарантира унитарноста на државата во името на сите партнери од новото мнозинство.

Одкако Џафери го напиша  новото писмо со кое според толкувањата се надминува недореченоста околу роковите,  се очекува во наредните десет дена Иванов да го повика лидерот на СДСМ, Заев за да добие уште еднаш гаранции за зачувување на унитарноста, по што според очекувањата на новото мнозинство, би требало да го додели мандатот.

Од кабинетот на Иванов без коментар, тие пред неколку дена само кусо изјавија дека Претседателот ќе постапи согласно Уставот и воспоставената практика.

Извор: ТВ 24

поврзани објави

Последни објави