Починато едногодишно бебе е најдено вчера во куќата на З.Т. во селото Кленоец, кичевско. Случајот го пријавил во полиција синоќа во 20.45 лекар од Кичево.
Полицијата утврдила дека бебето Н.Т. имало видливи повреди на телото и му течело крв од ушите.
Родителите на бебето биле лица со попреченост во развојот. Јавен обвинител се очекува да донесе натамошни мерки кон родителите.
Телото на бебето е предадено на обдукција.