Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов на својот ФБ профил повторно го повика новинарот Јанко Илиовски да го покани да гостува во неговата емисија.
ЕВЕ ШТО НАПИША АНГЕЛОВ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ
Пред неколку дена на мојот ФБ профил јавно те повикав да гостувам кај тебе и директно во твојата емисија, на твој терен, во срцето на пропагандата на режимот во заминување – ТВ Сител, да одговорам на сите твои прашања, клевети и обвинувања кои богами ги има многу.
Овој ФБ повик доби над 2.000 лајкови, 235 споделувања и повеќе од 100 коментари што, мора да признаеш, дури и за твоите стандарди е прилично многу.
Нормално, и покрај огромната подршка и навивање за мое гостување кај тебе, ти сепак не собра храброст да се соочиш со мене, очи во очи, на твој терен, јас и ти сами. Ти текнало, или така ти рекле, да повикаш уште некој за да можете да дефокусирате, спинувате и навредувате, па сте го нашле театарскиот глумец Крсте Јовановски да гостува заедно со мене. Секоја чест за глумецот кој во меѓувреме стана и пратеник на ДПМНЕ но моето барање е јасно. Кристално јасно. Јас и ти, сами. Да можеш на раат да ми кажеш се што ти лежи на душа, да можам на раат да ти одговорам на сите твои прашања, клевети и обвинувања.
Затоа те повикувам уште еднаш. Не биди кукавица, не се криј. Не се криј зад глумци, пратеници и “експерти“. Викни ме да ти бидам гостин. Викни ме само мене, само јас и ти. Викни ме веднаш. Јас не барам ниту да се тепаме, ниту да кршиме ќерамиди, ниту да пукаме со пиштол. Барам обична дебата. Човечка дебата на која ќе ти одговорам на сите твои прашања за албанската платформа, за Талат Џафери, за федерализацијата, за илјадниците Албанци на граница кои едвај чекаат да упаднат кај нас, за казните кои ќе ги плаќаат Македонците кои нема да го зборуваат албанскиот јазик, за името, знамето, химната и грбот.
Јанко! На Македонија ќе и се раздени тогаш кога на вас ќе ви се стемни. За среќа, ќе биде бргу. Овојпат ептен бргу.
ЈАНКО ИЛКОСКИ, ЈАДАЧУ НА БУРЕК!Пред неколку дена на мојот ФБ профил јавно те повикав да гостувам кај тебе и директно во…
Posted by Стојанче Ангелов on Wednesday, May 10, 2017