-0.2 C
Skopje
Friday, January 17, 2025

Тачи го распушти косовскиот Парламент – мнозинството пратеници изгласаа недоверба на Владата

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска го распушти Парламентот, откако мнозинството пратеници изгласаа недоверба на Владата.

Во рок од 45 денови треба да бидат организирани предвремени парламентарни избори, една година порано од предвиденото.

Парламентот на Косово претходно го поддржа предлогот за гласање недоверба на Владата на Иса Мустафа со 78 гласови „за“, 34 „против“ и тројца „воздржани“. Парламентот на Косово има 120 пратеници.

Предлогот за гласање на недоверба беше поднесен од опозициското движење Иницијатива за Косово и беше поддржан од пратениците од Алијансата за иднината на Косово и движењето Самоопределување, Гласањето за недеворбе беше поддржано и од неколку пратеници на владејачката коалиција.

поврзани објави

Последни објави