Ние ги познаваме тие ликови кои се кријат зад некои здруженија. Сите тие се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тие излегуваат на улица под диктат на Никола Груевски. Точно е тоа дека ако е вистински лидер, храбар лидер, водач тој треба да излезе пред нив, тој треба да застане на чело. Но тоа е неговиот кукавички чин. Неколкупати лидерот на опозицијата го повика да излезе на ТВ дуел, а Никола Груевски одговори – да го прашам мојот ПР тим. Тоа само покажува дека тој нема храброст, вели членот на ИК на Обединети за Македонија Марјан Огњановски во гостувањето на „24 анализа“ на ТВ 24.
„Денеска имаше изјава од Груевски дека нема да се дозволи реизбор на судиите бидејќи за тоа било потребно двотретинско мнозинство. Каде беше Никола Груевски да им каже на овие луѓе дека и за промена на химна, знаме и грб е потребно двотретинско мнозинство? додаде Марјан Огњановски од Обединети.
„Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ нема теорија да седне нормално да преговара политички и да коалицира со албанските политички партии. ВМРО-ДПМНЕ мора да се преструктуира, со нови луѓе, нови програми и потоа да можат нормално да комуницираат со албанскиот политички фактор. После ова што се случуваше во изминатите месеци, мислам дека немаат шанси за една таква коалиција“, рече Огњановски.