fbpx
-0.2 C
Skopje

Јункер: Неопходни ни се канали за дијалог со Москва

АКТУЕЛНО

ЕУ има потреба од отворени канали за дијалог со Москва, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во денеска објавеното интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, пренесе ТАСС.

„Толку голема држава како Русија не треба едноставно да биде нарекувана регионална држава, дури и да е ослабена“, рече Јункер.

„Неопходни ни се канали за дијалог со Москва“, додаде тој.

Тој изјави дека Брисел за неприфатливи ги смета приклучувањето на Крим кон Русија и кризата во источна Украина.

„Ние јасно зборуваме за тоа, но истовремено имаме потреба од однос на почит со Русија, изграден на еднакви начала“, изјави Јункер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -