fbpx
33.8 C
Skopje

Судот го замрзна имотот на Сеад Кочан

АКТУЕЛНО

Судот на барање на СЈО вчера попладнето го замрзна имотот на Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет“ и на ТВ НОВА, против кого се води постапка во случајот на СЈО „Труст“.

Инфромацијата за Телма ја потврдија високи извори од СЈО. Решението опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот на Кочан и на неговите фирми.

Кочан е во бегство откако за него беше донешено решение за притвор откако беше осомничен дека за тендер на ЕЛЕМ во 2011 година доставил фалсификувани документи и на тој начин заедно со „Силекс неметали СТ“ и „Вато“, незаконски наплатиле 17,2 милиони евра. По Кочан е распишана потерница.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -