7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Могерини: ЕУ ќе ги прими балканските земји по Брегзит

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави дека е „сигурна“ оти по заминувањето на Велика Британија од Унијата, „нејзината иднина нема да остане на 27 членки бидејќи ќе имаме нови земји членки“.

„Мислам на балканските земји со кои преговараме за членство во ЕУ. Повеќето за тој процес зборуваат како процес на „проширување“, но јас повеќе закам да кажам дека тоа ќе биде повторно обединување на Европа“, истакна Могерини во Њујорк, одговарајќи на прашањето дали Брегзит ќе ја ослабне ЕУ.

поврзани објави

Последни објави