Нема поубав крај од тоа кариерата да се заврши онаму каде што е почната. Токму словенечката скијачка Тина Мазе денеска на популарната ,,Златна Лисица” на патеката во Марибор на домашно тло ја заврши својата извонредна кариера.
Таа денеска настапи со реден број 34 и не успеа да ја заврши до крај првата трка иако имаше солидно време но резултатот беше во втор план бидејќи ова представуваше збогум од скијачките патеки за олимписката шампионка и освојувачка на големиот кристален глобус во Светксиот куп.Од светските првенства собра 10 медали од кој четири беа златни како и четирите олимписки медали(два златни и два сребрени).
Во 2013 таа го освои големиот кристален глобус како и малите глобуси во Супер Г,велеслалом и комбинации.Таа исто така влезе во историјата на женското скијање откако стана првата скијачка која календарската година ја заврши со над 1000 поени. Кариерата ја завршува на 33 годишна возраст.