Македонската претставничка на Евровизија, Јана Бурческа, имаше извонреден настап на големата сцена во Киев.
Во воведното видео кое се емитува пред секој настап, Јана откри дека е бремена преку кадри како купува детска облека и кадри од ехо-преглед.
После нејзиниот прекрасен настап, следуваше емотивен момент. Нејзиниот дечко пред присутните и се обрати со зборовите: „Те сакам, омажи се за мене“, на што нашата претставничка одговори позитивно и прифати.
SHE SAID YES!!!!! 💍💍💍💍💍💍💍 pic.twitter.com/Kd7Xyu7dr9
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 11, 2017