7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Љубчо Георгиевски: Гошев 5 години му беше слуга на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ!

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен претседател на ВМРО Народна Партија, Љубчо Георгиевски на својот ФБ профил го обвини Петар Гошев дека во 5. години како гувернер на НБРМ му служел на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, притоа многу успешно бранејќи ги нивните политики.

Георгиевски, во тој контекст смета дека Гошев треба да и објасни на јавноста како Гошев како гувернер заеднички и во договор со ВМРО-ДПМНЕ ја банкротирале Македонска банка.

ЕВЕ ШТО НАПИША ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО НП, ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ

„Петар Гошев очигледно има црна дупка во меморијата, штом не се сеќава на 5-те години во кои како гувернер му служеше на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски а притоа многу успешно ги бранеше нивните политики.

Во тој контекст секако треба да и објасни на јавноста како заеднички и во договор со ВМРО-ДПМНЕ ја банкротираа Македонска банка?

Тоа е единствената банка која што не е ликвидирана од финансиски причини, туку по волја на гувернерот. Причините на ВМРО-ДПМНЕ веќе добро се познати!!! Но, за сопствените мотиви, гувернерот Гошев време е сам да ни каже?“

Петар Гошев очигледно има црна дупка во меморијата, штом не се сеќава на 5-те години во кои како гувернер му служеше на…

Posted by Ljubco Georgievski on Friday, May 12, 2017

поврзани објави

Последни објави