fbpx
-6.2 C
Skopje

Трамп: Не сум под истрага, вакво признание ми даде веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Би-Би-Си изјави дека тој не е под истрага, повикувајќи се на признанието што му го дал сега веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Трамп во интервјуто открива дека при една средба со Коми тој директно го прашал за тоа.

„Го прашав директно- дали тоа и јас сум под истрага, на што тој (Коми) ми одговори- не, не сте господине претседателе“, објасни Трамп во интервјуто.

Во медиумите, деновиве излегоа текстови во кои се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп е под истрага од ФБИ за сомневањата околу руското мешање во американските претседателски избори и за можните врски на луѓето од тимот на Трамп со Русија.

Според Трамп, истрагата треба да продолжи за да се дознае дали навистина имало руско влијание во изборите во САД.

Редакцијата на Ен-Би-Си меѓутоа тврди дека означувањето на истрагата како „шарада“ е сосема спротивно од изјавата на актуелниот директор на ФБИ, Ендрју Мекејб кој во првото соочување во Сенатот ја бранел истрагата и најавил дека таа ќе продолжи.

Извор од ФБИ, кој оваа телевизија го означува само како близок до Коми, рекол дека не е точно тврдењето на претседателот оти доскорешниот директор му рекол на Трамп оти тој не е под истрага.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -