fbpx
0.8 C
Skopje

Курц: Предвремените избори се вистински пат за промени во Австрија

АКТУЕЛНО

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц, кој би требало да го преземе раководењето со Народната партија на Австрија (ОВП), се изјасни денеска за раскинување на коалицијата со Социјалдемократската партија (СПО) и побара распишување предвремени избори во Австрија.

Курц, кој важи за главен кандидат за преземање на местото лидер на ОВП, откако Рајнхолд Митерленер донесе одлука да поднесе оставка на тоа место, одржа прес-конференција на која јасно наведе дека смета оти оваа Влада не може да работи во корист на граѓаните.

„Јас сум член на ОВП и поради тоа можам да зборувам во името на партијата, па и во мое лично име. Знаете дека отсекогаш сум бил за јасни ставови и дека го работам она што оценувам дека е правилно, независно дали тоа е популарно или не. Меѓутоа, верувам дека само за неколку денови, или најдоцна една недела ќе бидеме повторно таму каде што сме сега, а тоа е постигнување на минимални компромиси кои не би ја промениле земјата и би биле соочени со постојана предизборна кампања.  Верувам дека предвремените избори се вистински пат за промени во Австрија, и дека треба да се прекине продолжението на континуираната предизборна кампања што се води“, потенцираше Курц.

Кога станува збор за ОВП, порача дека независно од тоа кој ќе ја преземе партијата јасно е дека во партијата не може да остане состојбата каква што е сега.

Тој истакна дека одлуката за шефот на ОВП ќе биде донесена в недела.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -