fbpx
15.8 C
Skopje

Димитриевски: Ние не сакаме да зборуваме за предавници и за патриоти, туку за иднината на македонските граѓани

АКТУЕЛНО

Пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски по исказот во обвинителството како оштетен од „крвавиот четврток“ кажа дека тоа што се случи во Собранието не треба да се сфати како личен атак врз пратениците, туку како удар врз демократијата. Тој смета дека со ова Македонија изгубила многу и сите овие граѓани кои беа заведени треба да бидат вратени на вистинскиот пат. Тој истакна дека тие не сакаат да зборуваат за предавници и патриоти, туку за иднина на македонските граѓани, за подостоинствено место за живеење за сите.

„Благодарејќи на дел од професионалците беа спасени човечки животи. Имаше класичен обид за убиство. Оставаме на институциите и на вистинските професионалци да ја изведат правдата таму кај што треба. Личните проблеми во овој момент се во втор план. Најбитниот проблем е да обезбедиме подобар живот за граѓаните во државата, а од ова лошо искуство да извлечеме сите заклучоци и како граѓани и како политичари и луѓе кои сакаат нешто добро да направат за својата држава. Тоа што се случи во Собрание е недозволиво. Недозволиво е поединци да ја земаат правдата во сопствени раце. Тоа не е демократија, ние не сакаме да живееме во анархија. Ние сакаме да живееме во држава во која ќе владее правото“, рече Димитриевски.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -