Мандатот на градоначлниците и функционирањето на општинската власта се ставени под знак прашалник. Дел од градоначалниците велат дека излезот е во распишување на локални избори.
„Ќе имаме заедничка средба во рамките на ЗЕЛС, ќе завземе заеднички став сите градоначалници, без разлика на политичката припадност и врз основа на тој став ќе дадеме соодветен одговор. Што побргу е потребно да се закажат локални избори. Како што може да забележите, веќе има избрано претседател на Собрание. Тој може во секој момент да ги распише изборите. Нашите очекувања се што е можно побргу да се закажат изборите во интерес на граѓаните на Република Македонија“, изјави Коневски.