fbpx
17.8 C
Skopje

Хашкиот Трибунал не го пушти Младиќ на лекување во Русија

АКТУЕЛНО

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија одби да го пушти привремено поранешниот командант на армијата на босанските Срби Ратко Младиќ за лекување во Русија.

Судот одлучи дека нема гаранции дека обвинетиот ќе се врати, ако биде привремено ослободен. Адвокатите на Младиќ не успеаа да го убедат судскиот совет дека нивниот клиент не го добива соодветниот третман во затворот во кој се наоѓа. Покрај тоа, според судот, здравјето на Младиќ му овозможува да остане затворен. Младиќ е обвинет за геноцид, кршење на воените закони и злосторства против човештвото извршени во 1992-95 година во Босна и Херцеговина.

Тој се криеше од меѓународните институции речиси скоро 16. години и беше уапсен во Србија во мај 2011. Оттаму беше екстрадиран во Хаг.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -