3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Три природни маски за лице без акни

Акните се проблем кој им создава непријатности не само на тинејџерите, туку често и на возрасните. Секој што се соочил со овој проблем знае дека не постои еден „лек“ кој магично ќе ја исчисти кожата еднаш засекогаш. За да се добие максимален ефект, потребно е да се комбинираат различни третмани.

1.Јаболко и мед

-едно изрендано јаболко        -две супени лажици мед

Во изренданото јаболко додајте го медот и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата на лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Оваа маска не се суши, па не чекајте да се случи тоа за да ја измиете.

2.Белка од јајце со лимон

-едно јајце         -неколку капки лимон

Разделете ги жолчката и белката. Матете ја белката додека не се направи слој од пена. Ако имате мрсна кожа, додајте неколку капки лимон (можете и да го прескокнете лимонот). Премачкајте го чистото лице со белката и оставете ја да делува 15 минути. Измијте го лицето со топла вода.

3.Солена вода

-пет мали лажички сол (морска или за готвење)          -вода

Во солта додајте една по една неколку мали лажички вода. Постојано мешајте и постепено додавајте вода додека не добиете густа смеса (паста). Оставете ја смесата да стои 10 минути, а потоа нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Измијте го лицето со топла вода.

 

поврзани објави

Последни објави