Поранешниот дипломец на Русенскиот универзитет Десислава Николова го создаде првиот модел на бугарски електричен скутер. Младата дама која е инженер по специјалност, основаше своја компанија и ја претстави својата творба на 19-тото шоу на техника, технологија, стоки и услуги, отворено вчера на Русенскиот универзитет.
„Идејата дојде од желбата да им дадеме шанса на луѓето да имаат алтернативен вид транспорт. Во денешно време да поседуваш и управуваш возило е екстремно скапо, да не зборуваме за еколошкото влијание. Значи сакавме да дадеме можност луѓето да се движат удобно, евтино и еколошки, да ги зачуваме своите градовите почисти и да ги направиме едно малку поубаво европско место „, изјави Десислава Николова.
Скутерот е со мотор од 1500 вати и батерија од 72 волти, може да развива до 45 километри на час и издржува 60 километри со едно полнење. Има целосно ЛЕД осветлување и ги користи најновите технологии, кои во моментов ги има на пазарот. Се полни во стандардна електрична мрежа од 220 волти и кон него има придружен полнач.
Десислава Николова раскажа дека работи на проектот од околу 2 години. Веќе неколку месеци е на пазарот и има интерес од многу корпоративни клиенти кај нас. Производот има сертификат за цела Европа, а скутерите се тестирани и во сообраќајната агенција во Англија.
Електричните скутери имаат многу предности. „Нема потреба од никакво поддржување, бидејќи немаат течности – немаат масла, немаат гориво. Од друга страна законски е многу олеснето бидејќи нема даноци, нема издатоци за паркинг. Приоритетен е за градски услови, зашто со урбанизацијата во последно време, натовареното движење во градовите, големиот сообраќај и недостатокот на доволно паркинзи овозможува да се движите многу лесно, удобно и евтино „, рече уште русенката.
Таа коментира дека пазарната ниша во моментов е доста интересна, бидејќи е на двете граници -многу скапите големи брендови кои исто така сакаат и многу големи пари, и многу низок квалитет увоз. „Од таа гледна точка ние сакаме да направиме еден навистина добар производ, кој не отстапува како квалитет на светски познатите брендови, а во исто време луѓето не плаќаат премиум за самата марка“, објасни Николова.
Цената на еден електричен скутер е 2999 лева со ДДВ, а до моментов се произведени 50 парчиња.