За безбедноста на денешниот голем антивладин протест во Тирана ќе бидат ангажирани повеќе од 2.500 членови на албанската полиција, објавија локалните медиуми. Дополнително ќе бидат мобилизирани и ангажирани специјалнате единици за брза реакција. За да се избегнат тензиите на демонстрациите, ќе има кордон од полицајци, главно поставени пред зградата на владата и другите државни институции.
“Утре ќе формираме нова република”, изјави вчера лидерот на опозициската албанска Демократска партија, Љуљзим Баша, повикувајќи на масовни протести.
Албанската полиција веќе ги финализра сите мерки и активности за обезбедување на парадата на ЛГБТ-заедницата, кој ќе се одржи два часа пред протестот на опозицијата на друго место.