6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Тачи: Србите во Косово се само 3 отсто, а имаат многу повеќе права од Албанците во Македонија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи во интервју за хрватски „Национал“ зборувајќи за политичката криза во Република Македонија и последните случувања во Собранието вели дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на РМ е почеток на решавањето на кризата.

„По сите случувања избран е претседател на Парламентот, Талат Џафери, кој е Албанец, Но пред се она што сакам да го кажам е тоа дека јас верувам оти Македонија е мултиетничка и европска држава, каде никој не може да ја дискриминира албанската заедница. Тие имаат свои лидери кои делуваат во согласност со законите на Македонија. Да направам една споредба – Србите во Косово се само 3 отсто а имаат многу повеќе права од Албанците во Македонија, кои се над 30 отсто“, вели Тачи.

Изворот на оваа политика крза е во Скопје, каде што е и решението, а не во Косово или некаде надвор од Македонија. Сакам да кажам дека врз тоа нема влијание никој од надвор. Ние нудиме целосна поддршка за членство на Македонја во НАТО и во ЕУ и секогаш ќе работите во изгрдбата на што подобри добрососедски односи, нагласува Тачи.

поврзани објави

Последни објави