Во Масачусетс во САД под душекот на еден бразилец обвинет за перење на пари се најдени 20 милиони долари. Федералните судии во Бостон го осудиле Клебер Рене Рошан на 28 години затвор поради соучество во истрага за корпорација Телекс Фриј.
Фирмата, која се претставувала како интернет компанија за телекомуникации, била голема пирамидална шема.
Таа објавува банкрот во април 2014. година и должи над 5 милијарди долари на своите над 965.225 корисници во САД. Во Бразил фирмата должела над 1,76 милијарди кога објавила стечај, а адвокатот на обвинетиот одбил да даде коментар за случувањето.