fbpx
-3.2 C
Skopje

Претставници на Северна Кореја и САД подготвени за состанок „доколку за тоа се создадат услови“

АКТУЕЛНО

Откако претходно Доналд Трамп ги отвори вратите за средба со лидерот на Северна Кореја, денеска високата севернокорејска дипломатска функционерка, Шои Сун-хи рече дека Пјонгјанг е подготвен за средба со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заради преговарање „доколку за тоа се создадат услови“.

Таа тоа го кажа во кусата изјава за новинари во Пекинг, на пат за Пјонгјанг од Норвешка, каде ја предводеше делегацијата, која имаше неформален состанок со поранешни американски функционери и експерти.

Чои не прецизираше за какви услови станува збор, но нејзиниот коментар ја наговести можноста САД и Северна Кореја да се вратат на преговарачката маса прв пат од 2008 година, кога шестстраните преговори за нуклеарната вооружена програма на Пјонгјанг беа прекинати.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -