Пред неколку дена во Холандија беше пуштена во употреба една од најголемите поморски фарми на ветар во светот со вкупно 150 турбини поставени во Северното Море. Во текот на наредните 15 години ветерниот парк Gemini, кој се наоѓа на 85 километри од северниот брег на Холандија ќе ги задоволува потребите за енергија на околу 1,5 милиони луѓе.
Кога има најсилен ветар ветерниот парк има капацитет да генерира околу 600 мегават-часови енергија, што е доволно за 785.000 холандски домаќинства. Проектот вреди 2,8 милијарди евра и е резултат на соработка меѓу канадската компанија за обновлива енергија Northland Power, производителот на турбини на ветер Siemens Wind Power, холандската компанија Van Oord и компанијата за процесирање на отпад HVC.