6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Мактел: Сеад Кочан се наоѓа на клиниката за Кардиологија

Бизнисменот Сеад Кочан кој е осомничен од СЈО и на кој вчера Врховниот суд му го укина притворот се наоѓа на интензивна нега на Клиниката за Кардиологија, во затворското одделение, објави порталот Мактел.

Како што пишува порталот, во дворот на Клинички може да се забележи и неговиот џип Ренџ Ровер. Претходно, оваа информација ја објави и порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Изворите, кои сакаат да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави за јавност, не сакаа да потврдат дали пациентот бил задржан на болничко лекување. Поради специфичноста на случајот официјални изјави нема, но Кочан, кој сега има брада, вчера во доцните попладневни часови беше забележан во Клиничкиот центар. На клиниката каде што се пријавил како итен случај дошол само во придружба на сопругата.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -