fbpx
1.8 C
Skopje

Харадинај: Доколку Брисел и Вашингтон не помогнат, Приштина може и сама да ги реши проблемите со Белград

АКТУЕЛНО

Брисел мора да реши и да каже дали може да ги заврши работите меѓу Косово и Србија, изјави Харадинај, кој неодамна беше ослободен од француски суд од барањето на Србија за негова екстрадиција под обвиненија за воени злосторства. Доколку Брисел не може да ги реши проблемите меѓу Приштина и Белград, а ако тоа не му успее ниту на Вашингтон ние ќе мораме сами „да ја одработиме нашата работа“.

Вашингтон е добар во завршување на работите меѓу Косово и Србија. Но, ако тие не дојдат да ни помогнат, тогаш едноставно не би требале повеќе да чекаме, туку сами да ги одработиме нашите работи. Немаме луксуз да чекаме уште многу време, порача Харадинај на предизборен собир на неговата партија во Подуево.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -