8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Георгиевски, Бошковски и Ангелов ќе го враќаат старото вмровско членство во „ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА“

Коалицијата ВМРО за Македонија“ во која учевствуваат партиите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов денеска одржа работна средба во седиштето на ВМРО Народна Партија.

Лидерите на трите политички партии изјавија дека веќе од следната недела тие ќе почнат со интензивна кампања за враќање на старото вмровско членство во вистинското ВМРО, она кое тие го граделе во 90-тите.

Тие истакнаа дека од следната недела ќе почне интензивно отварање на партиски штабови низ целата држава, како и обновување на членството.

поврзани објави

Последни објави