Експерти од Советот на Европа ја повикаа Србија официјално да ги признае убиствата во босанскиот град Сребреница како геницид, во извештај во кој се изразува загриженост и поради употребата на јазикот на омразата од страна на расистички групации и фудбалските навивачи.
Српските политички власти треба официјално да признаат дека масакрот во Сребреница е геноцид, се вели во соопштението на претседателот на Европската комисија против расизмот и нетолерантноста на СЕ, Кристиан Ахлунд.
Комисијата нагласува дека Парламентот и претседателот на Србија се извиниле официјално за масакрот во Сребреница, но никој од нив не призна дека тој претставува геноцид, како што сторија меѓународните судови.
Од крајот на војната во БиХ(1992-1995) Србија одбива да признае дека убиството на над осум илјади мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година е геноцид, како што тоа го стори меѓународното праводуство.
Поранешниот политички лидер на босанските Срби Радован Караџиќ доби 40-годишна затворска казна за воени злосторства и за геноцидот во Сребреница.