13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Георгиевски: Горд сум што Влатко Ѓорчев покажа таква високо хумана, човечка димензија!

Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен претседател на ВМРО Народна Партија, Љубчо Георгиевски во изјава за Дојче Веле вели дека е исклучително горд на однесувањето на неговиот поранешен сопартиец Влатко Ѓорчев кој на 27-ми април лично се спротистави на насилството, бранејќи ги пратениците од новото мнозинство од гневот на насилниците.

„Многу сум горд сум што Влатко Ѓорчев покажа таква високо хумана, човечка димензија. Тоа беше исклучително важно во тие критични моменти. Денес никој не може да го оспори фактот дека тој направи сѐ за да го смири гневот и да ги заштити колегите, без оглед од која партија се. За жал, тоа е редок пример. Дојдоа други времиња, други личности, некои луѓе што ги познавав се променија, но се променија и некои ставови. На пример, во 2003 година токму Влатко Ѓорчев ми зборуваше: ‘Слушај, те сакам и многу те почитувам, ама странците се за Никола’. Денес гледам дека и тоа се сменило. Ставовите на странците не само што веќе не им се важни, туку во ВМРО-ДПМНЕ странците ги сметаат за главни непријатели“, споредува Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави