„Макрон е 39-годишен дечко со богато работно искуство и пред сè со згодна мајка, која го носела под мишка кога бил мал“, рече Берлускони, пренесува британски Телеграф.
Телеграф во текстот истакнува дека Берлускони е со 49 години помладата Франческа Паскал.
Поранешниот италијански премиер направи серија гафови во минатото, а своите критичари ги обвини дека немаат чувство за хумор.
Така, во 2009 година, изјави дека луѓето што останаа без дом по земјотресот во Аквила би требало да се однесуваат како да се на кампување, а за поранешниот претседател на САД Барак Обама изјавил дека е „згоден, млад и исончан“.
Емануел Макрон во Елисејската палата во неделата беше инаугуриран за претседател на Франција, со што и официјално стана најмладиот француски претседател. Функцијата ја презеде од досегашниот социјалистички претседател Франсоа Оланд, а во таа прилика порача дека „Франција одбра надеж“.
За време на изборната кампања, медиумите големо внимание му посветуваа на неговиот приватен живот и бракот со сопругата Брижит Троње, која ја запознал како 15-годишен студент. Поблиски односи развиле кога заедно пишувале текст за претстава.
Како причини за коментарите во однос на својата сопруга ја обвинува мизогинијата и традиционалните погледи на општеството.
„Ако јас бев 20 години постар од мојата сопруга, никој за тоа немаше да мисли ни секунда. Бидејќи таа е 20 години постара од мене, многу луѓе велат оваа врска не е можна“, вели Макрон.