На иницијатива на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денес во соработка со градскиот центар за социјална работа беше згрижено едно лице – бездомник.
Тој деновиве поради екстремно ниските температури бил засолнет во еден од влезовите на станбените објекти во близина на ПС Центар.Лицето од страна на полициски и социјални службеници е однесен во Центарот за згрижување на бездомни лица во Момин Поток.
Истовремено, министерот Нухиу иницираше и во наредниот период полициските службеници да посветат внимание на бездомни лица во насока на нивно згрижување, особено сега кога временските услови се директна закана по нивниот живот.