Sun. Oct 1st, 2023

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Шкендија од Тетово од денес има нов тренер кој доаѓа од Германија. Станува збор за Томас Брдариќ кој има осум настапи за најдобрата германска фудбалска селекција во период од  2002 до 2004 година.

Брадариќ на клупата на Шкендија доаѓа како наследник на Бруно Акраповиќ кој пред извесен период доби отказ, а во меѓувреме тренерската фунцкија ја извршуваше Јетон Беќири.

Како тренер Брдариќ претходно има работен во неколку германски нисколигаши, додека како фудбалер најубавите моменти од кариерата ги мина во Штудгат, Келн и Бајерн Леверкузен

By s.s.

Leave a Reply

Your email address will not be published.