11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хан и Могерини: Ја поздравуваме одлуката на Иванов за доделување на мандатот на Заев

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во заедничка изјава ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му додели мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање влада. Според оваа висока европска двојка, официјален Брисел очекува брзо формирање на влада која ќе биде посветена на реформите, јави дописникот на МИА.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев, како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што земјата ќе може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада која ќе биде посветена на спроведувањето на сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети,“ се вели во соопштението на Хан и Могерини.

Европската шефица на дипломатијата и еврокомесарот за преговори за проширување и исто така во име на Европската унија повикаа на сплотеност на партиите во враќањето на Македонија на евро-атлантскиот пат и изразија подготвеност да ја поддржат навата Влада на чело со Заев.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и да работат заедно на заедничката агенда за реформи, за земјата да се врати назад на патот на евроатланската интеграција. Тоа е она што го луѓето сакаат и го заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата Влада во нејзините реформски напори“, потенцираат Хан и Могерини.

поврзани објави

Последни објави