fbpx
15.8 C
Skopje

АПМ: Го поздравуваме доделувањето на мандатот и му посакуваме на Заев успешни преговори и формирање влада

АКТУЕЛНО

„Алијансата за позитивна Македонија го поздравував доделувањето на мандатот од страна на претседателот Иванов, на кандидатот на парламентарното мнозинство, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Алијансата за позитивна Македонија му посакува на мандатарот Зоран Заев, успешни преговори за формирање на новата Влада на Р. Македонија, поскоро изгласување во Собранието, како и конечно воспоставување на извршната власт.

Алијансата за позитивна Македонија смета дека развојот на Република Македонија кон сузбивањето на криминалот и корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството, почитувањето и заштитата на човековите и граѓанските права, развојот на мултикултурното општество и интеркултурализмот, безкомпромисното спроведување на т.н. Препораки на Прибе, се едни од главните приоритети на кои што треба да профункционираа идната влада, за да може Република Македонија да се врати кон демократскиот развој и евро-атланските перспективи, за што силно веруваме дека идната Влада предводена од Зоран Заев како премиер успешно ќе ги реализира“ се вели во соопштението на Алијанса за позитивна Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -