Како што дознава Макфакс, судот определил мерка да му биде одземен пасошот на Сеад Кочан, а тој понудил гаранција од еден милион евра. Ваква одлука донесе судијката на претходна постапка Даниела Димовска, по одлуката на Врховниот суд со кој се укинаа решенијата на Кривичниот суд и на Апелација.
Судија на претходна постапка не му определи мерка притвор на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, во истрагата за случајот „Труст“.
СЈО на оваа одлука може да поднесе приговор.