8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Богоев: Екстерно тестирање оваа година нема да има!

Претседателот на СДММ и пратеник од СДСМ, Стефан Богоев денеска на прес-конференција рече дека пратениците на СДСМ денеска до Собранието ќе достават предлог за укинување на екстерното тестирање.

Очекуваме по скратена постапка да се донесат пакет законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование. Ветивме дека ќе го укинеме штетниот таканаречен проект – екстерно тестирање кој предизвика трауми кај учениците, стресови за родителите и казни за професорите.

Овој проект даде негативни резултати наместо да влијае на подобрување на образовниот процес. Новата Влада е цврсто определена да работи на решенија што ќе допринесуваат за квалитетно образование од кои ќе излегуваат квалитетни кадри, рече Богоев.

Тој рече дека ќе ги мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.

 

поврзани објави

Последни објави