Обединетите Нации соопштија дека над 200 илјади луѓе би можеле да го напуштат Мосул во следниов период поради интезивирање на борбите во северноирачкиот град. Координаторот за помош од Обединатите Нации Лиз Гранде изјави дека со зголемувањето на бројот на раселени луѓе од Мосул се отежнува и можноста да им се обезбеди помош и заштита на цивилите на кои им е најпотребна. Речиси 700 илјади луѓе се раселени од Мосул откако почна големата ирачка операција за преземање на контролата врз градот од припадниците на екстремистичката група Исламска држава минатата година во октомври.