fbpx
0.8 C
Skopje

СЈО поднесе жалба за прекинувањето на притворот на Кочан

АКТУЕЛНО

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Кривичниот суд за одлуката на Даниела Димовска да не биде определена мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан, дознава Макфакс.

Кривичниот суд сега треба да го преиспита решението на Димовска, како судија на претходна постапка која го ослободи Кочан од потерницата која беше распишана по него.

Судијката вчера одлучи на Кочан да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од околу еден милион евра. Рокот во кој Кривичниот совет треба да одлучи е 48 часа. Доколку ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка, тогаш таа е конечна.

Кочан е осомничен дека преку неговата фирма „Трансмет“ заедно со фирмите „Силекс неметали“ и „Вато“ фалсификувал документи за тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -