Претседателот на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет ќе имаат одделни средби со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со неговиот американски колега Доналд Трамп во Брисел следниот четврток, соопштија од Европската комисија.
Средбата е предвидена да се оствари за време на редовниот состанок на врвот на земјите на НАТО кој ќе се одржи во Белиската метропола Брисел.
Претставникот на ЕК, Маргаритис Сханас изјави дека ова ќе биде важна средба, која ќе ја продлабочи соработката меѓу ЕУ и двете земји.