Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на неформалната вечера со претседателите на владите на Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, што ја закажа за среда (24 мај) ќе ги очекува актуелните премиери на овие шест балкански држави.
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ изјави дека оваа вечера ќе послужи да се направи пресек на постигнатото по посетата на Могерини на почетокот на март оваа година.
„Мислам на земјите од Балканот со кои разговараме за влез во ЕУ. Многу за тој процес зборуваат како за процес на проширување. Јас повеќе сакам да зборувам како за повторно обединување на Европа“, изјавила Могерини.
Со оглед на ситуацијата во Македонија неизвесно е кој ќе ја претставува Македонија на овој состанок, ако се земе предвид дека Заев најави дека многу скоро Македонија ќе има нова Влада и нов премиер.