10.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Груевски како „премиер“ (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во текот на вчерашниот ден, кој повеќе нема никаква функција во Владата меѓутоа, ниту пак државничка функција, продолжува да промовира државнички проекти.

Тој беше дел од настанот каде што министерот Владо Мисајловски му реферираше за новата зграда предвидена за министерството за транспорт и врски. Новинарката од ТВ 24 го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дали е свесен дека повеќе не е премиер, на што тој кратко одговори дека сега имаат презентација, при што ја замоли новинарката да не го прекинува настанот.

ВИДЕО: ТВ 24

поврзани објави

Последни објави