8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Чавков заминува во „пензија“

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност не ја дочека одлуката за негово разрешување, која што е во владина постапка и одлучи сам да замине од институцијата, објави Алсат-М.

Како што известува телевизијата, од сигурни извори, Чавков земал годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршувал кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал и сите лични работи од неговата канцеларија.

Тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а вечерта на 27 април кога брутално беа истепани пратеници на новото парламентарно мнозинство беше и шеф на оперативниот штаб. Според нивните кажувања, полицијата не реагирала додека пратениците беа теапани, а Чавков не им дал нив наредба да ги одбранат.

поврзани објави

Последни објави