Над 100 000 луѓе се очекува да излезат на протест против американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета во Брисел следната недела. “Трамп не е добредојден” ќе биде слоганoт на демонстрацијата, која ќе се одржи на 24 мај во Брисел , известија од локалната полиција.
Постојат индикации дека во протестот ќе се вклучат претставници на меѓународните организации “Оксфам” и “Амнести интернешнал”, на локалните сојузи, како и на левичарските партии во земјата. Иако протестите се најавени како „мирни“ сепак полицијата се плаши дека ќе има судири. Причината е најавеното присуство на одредена група демонстранти од Германија.