fbpx
15.8 C
Skopje

Ајде на здравје, Скопје!

АКТУЕЛНО

Пишува: Љупчо Балкоски 

Архитект и Генерален секретар на ВМРО Народна партија

Скопје како главен град на Р.Македонија има влијание и во развојот на останатите градови и центри на општини во државата, без разлика дали тоа сака да се прифати или од локал патриотизам веднаш се одбива. Тие влијанија се однесуваат и на економски, културен, спортски аспект, како и на целокупното урбано функционирање. Затоа е многу важна функцијата на главен град на една држава, која не е само административна.

,,Создавањето,, на Скопје 2014, според економските, урбанистичко – архитектонските и социолошките анализи, има негативно дејство врз општеството и граѓаните. Фалсификатот никогаш нема вредност, освен ако криминално се продаде. Ова што се ,,направи,, а не изгради, е ФАЛСИФИКАТ на архитектонските стилови. Фалсификатите имаат дури и слични имиња со оригиналите, како : adibas, adidasi, nuke и други. Така што и фалсификатот на архитектонскиот стил на Скопје 2014, може да се нарече ,,Бурок,, или можеби поприфатливо и ,,БАБАРОГ,, архитектура.

Новата влада на Р.Македонија ќе има исклучителна задача во санирањето на штетните последици од сите аспекти што ги направи Скопје 2014 и враќање на нормалниот град. Од страна на законските прописи тоа е дефинирано со тоа што поранешната влада на Дпмне ги превзеде сите ингеренции од општина Центар за ,,создавањето на Скопје 2014,, плашејќи се дека опшината оправдано ќе го стопира и сакајќи до крај да го спроведе фалсификатот.

За професионално решение за враќање на нормалниот град Скопје, пред се, потребно е да се формира том од експерти кои врз основа на програма усвоена низ јавна професионална дебата во професионалните здруженија и институции, треба да го водат целиот процес кој ќе се состои од неколку фази :

  1. Ревизија и измена на Деталниот урбанистички план за централното подрачје на Скопје
  2. Објектите и новите фасади кои не се започнати, не треба да почнат со реализација.
  3. Започнатите објекти треба привремено да се стопираат и да се репроектираат во современ стил. Пример, започнатото тркало во центарот треба да се стопира и проектот да се заврши како пешачки мост.
  4. За готовите објекти и споменици треба да се изврши стручна анализа и експертиза и да се изработат проекти со кои ќе се изврши функционална промена, а исто така и да се изработат нови проекти за нови современи фасади наместото од фалсификатните фасади.
  5. За постоечките споменици треба врз основа на стручни анализи и програма со која ќе бидат опфатени и сите општини во државата, да се предвиди кои и колкав број од спомениците да се преместат во другите градови и историски места. На тој начин ќе се афирмираат и останатите места.

Овој процес на санација на штетата ,,Скопје 2014,, и со истовремено изработување на нови урбанистички планови врз основа на современи стандарди, ќе допринесе главниот град на Р.Македонија Скопје, да биде град кој ќе овозможи современ, модерен и урбан начин на функционирање, кој позитивно ќе влијае и на другите градови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -