5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Студот зема замав ширум Европа – руски „Газпром“ трие раце

Студеното време и  снегот ширум Европа продолжува да владее и понатаму, но се чини тоа му оди во полза на рускиот гигант „Газпром“ кој соопшти дека дневните испораки на природен гас за земјите надвор од поранешниот СССР достигнале рекордно високи количества поради студеното време.

Како што соопштија од комапнијата, „Газпром“ денеска испорачал 615,5 милиони метри кубни гас за европските држави, подобрувајќи го вчерашниот рекорд за околу еден милион метри кубни.

Најголемиот дел од количината била транспортирано преку гасоводот Северен поток под Балтичкото море.

поврзани објави

Последни објави