23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Наскоро во продажба и USB oд 2 терабајта

Kingston како прозиведувач на широк спектар на додатни уреди за компјутери, овојпат се истакнува со нешто посебно а тоа е  USB со најголем капацитет на светот.

Новото USB ќе содржи 2 терабајта меморија а претставен е на саемот Consumer Electronics Show во Лас Вегас. Неговото целосно име е DataTraveler Ultimate Generation Terabyte (GT) а доаѓа во две верзии оној од еден ТБ и два ТБ.

Со цел за да се овозможи брз пристап на податоци на новиот USB flash драјвери од висок капацитет од Kingston  истакнуваат дека и двата уреда се опремени со USB 3.1 што отприлика значи дека тоа е верзија од два ТБ и без проблем може да отчита и до 70 часови видео од резолуција 4К.

Што се однесува до самата конструкција тој е направен од легура цинк и е додатно осигуран од удари, истотака работи без проблем на сите познати оперативни системи. Тој  е со големина од 72mmX26,94mmX21mm што значи дека е малку поголем од стандардниот USB стик.

 

 

 

поврзани објави

Последни објави