14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба Заев – Ахмети

Мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети , кои на средбата во партиското седиште на ДУИ во Тетово ги отворија прашањата околу распределбата на ресорите.

Како што соопшти ДУИ, Заев и Ахмети уште еднаш ги повторија приоритетите на новото мнозинство: сериозни реформи во владеењето на правото согласно препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички односи, отворање нови работни места и економски развој на државата.

– Една од предностите на владеењето ќе биде непосредната интеграција во НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што, страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел, информира ДУИ.

поврзани објави

Последни објави