-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

25 шпански мудрости

Шпанија не си личи со другите земји на стариот континент. Шпанската култура е богата, колоритна и мистериозна – фиести, танц, музика, вино, фестивали … тоа е шпанскиот начин на живот. А Шпанците се темпераментен и срдечен народ, чиј весел однос кон животот понекогаш не доаѓа на одобрување од другите народи.

Да видиме какви се нивните народни мудрости:

1. На глупавата риба непријател е нејзината мамка, а не рибарот.

2. Да зборуваш за бикови и да бидеш на арената не е едно и исто.

3. Три „мали“ и три „големи“ погуби на човекот: малку знае – многу зборува; малку вреди – за многу се има; малку има – многу троши.

4. Никогаш не давај совет на човек кога војува и кога се жени.

5. Не зборувај, освен ако не можеш да ја подобриш тишината.

6. Покажете ми една жена и ќе ви кажам каков е нејзиниот маж.

7. Со безумник и со ураган не се спори.

8. Навиките прво се како пајажина, потоа стануваат здрава мрежа.

9. Да сакаш, кога не те сакаат, е сеедно да одговараш, без да те прашуваат.

10. Кој има грев на душата, тој зборува најмногу од сите.

11. На добрата домаќинка ќерките и се мрзливи.

12. Гласините за банкарот подели ги на четири.

13. Парите не го прават паметен оној кој се родил глупав.

14. Бог им помага на оние кои стануваат рано.

15. Ако лисицата лови скакулци, значи кошарата и е празна.

16. И лубеницата, и жената, не се познаваат по надворешниот изглед.

17. Кој оговара пред тебе, тој оговара и за тебе.

18. На ненадарениот писател перото му е виновно.

19. Кој не плаче, не му даваат да цица.

20. Во затворената уста не влегуваат муви.

21. Искубаната мачка бега и од ладна вода.

22. Не е толку важно дали си поканет колку што е важно да стигнеш на време.

23. Не се зборува за јаже во куќата на обесен.

24. Ако го сакаш кучето, треба да ги прифатиш и неговите болви.

25. Да одречеш сè, значи да признаеш сè.

Извор: Јавно

поврзани објави

Последни објави