8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Макрон: Со Велика Британија ќе ја продолжиме борбата против тероризмот

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со британската премиерка Тереза Меј по нападот во Манчестер и изрази сочуство и солидарност со Велика Британија, соопшти денеска прес службата на претседателот.

„Претседателот на Републиката со Владата и со британските сили ќе ја продолжи борбата против теророризмот“, се наведува во соопштението и се додава дека Макрон ќе ја продолжи телефонската конверзација со британската премиерка за случувањата во истрагата, пренесуваат британските медиуми.

Австралискиот премиер, Малком Турнбул, денеска изјави дека нападот во Манчестер е „брутален напад врз младите каде и да било“, пренесуваат американските медиуми.

– Овој инцидент, напад, посебно е подол, посебно криминален, посебно страшно дело, бидејќи изгледа дека е директно насочен на тинејџери. Ова е напад врз невини. Сигурно не постои злосторство кое е понавредливо од убиството на деца, рече Турнбул во австралискиот Парламент.

Портпаролот на јапонската Влада, Јошихиде Суга, денеска го осуди нападот и изрази сочуство до семејствата на жртвите.

„Доколку е ова терористички напад, тој не може да биде оправдан ниту на еден начин и Јапонија цврсто го осудува ваквиот терористички акт. Јапонија се солидаризира со народот на Велика Британија“, наведе тој во соопштение.

поврзани објави

Последни објави